Изградбата на железничката пруга „Скопје – Солун“ имала големо влијание врз поврзувањето на градот Велес со Европа. Тоа придонело за брз економски и трговски развој, индустријализација и секако развој на културата и спортот. Од многуте работи по коишто меѓу првите во Република Македонија се вбројува и градот Велес, е секако и формирањето на ловното друштво.
И покрај тоа што тогашните власти не дозволувале официјално да бидат формирани ловни друштва, сепак луѓето коишто биле љубители на ловот оделе на лов во самоорганизирани групи. Подоцна од тие самоорганизирани ловни групи, се создале неколку ловечки друштва.Првите ловци во Велес бил најимотните граѓани и нивните синови, како познатите мајстори за поправка на оружје. Со текот на времето бројот на ловците постојано се зголемувал. Како што бројката на ловци се зголемува, така отпорот од тогашните власти за добивање на дозволи за купување на оружје се намалувал. Тогаш првично правото за поседување и купување на оружје го уживале „доверливите“ велешани, затоа што не секој можел да биде ловџија во тоа време.
Во времето на СХС во градот Велес имало само околу дваесетина ловци. По доаѓањето на Бугарија на власт за време на Втората Светска војна, ловот бил забранет и бил ставен во мирување.Најголем број на ловци во градот Велес имало после 1948 година кога е формирано и првото ловно друштво, ловното друштво „Голик“. По шеесетите години на минатиот век, штом завршила постапката на припојување на ловните друштва од Чашка, Извор, Богомила, новото име со кое е регистрирано ловното друштво е „Руен“. Според тогашните искажувања на ловците, тие сами ги изградиле првите простории на друштвото на локација на сегашниот Ликовен градски салон каде друштвото и денес се наоѓа и истото функционира со над 750 членови ловци.
Според тогашните кажувања на ловците, прв претседател на друштвото бил Тоде Брзаков. Тој и тогашното раководство биле особено заслужни за развојот на ловното друштво „Руен“ и за развојот на ловството во регионот.
ул. Алексо Демниевски Бауман, бр. 3
Велес, Република Македонија
Телефон: +389 77 749 597
Email: lovnodrustvoruen@gmail.com