Услови и начин на зачленување во друштвото

Во ловечко друштво РУЕН врз принципите на доброволност, може да се зачлени секој граѓанин кој е државјанин на Република Македонија и странство, кој е полнолетен и кој се придржува на законите на Република Македонија и морално етичките норми што ги пропишува друштвото и ги прифаќа правата и обврските на статутот, како и другите општи акти.

Членовите во друштвото се носители на правата и обврските на друштвото.

Членувањето во друштвото е доброволно, а се стекнува со зачленување и уплатување на пропишаната членарина и добивање на членска легитимација и дозвола за лов. 

Членувањето во друштвото се врши со пристапница, која при исклучување или престанок на членувањето задолжително се враќа кај членот.

Членувањето во друштвото престанува:

– поради не исполнување на обврските на статутот

– членот може доброволно да истапи од членството

– ако членот е кривично казнуван поради криволов

– ако членот е прекршочно казнуван за криволов во последните 4 години

– ако не ја подмирил членарината во определениот рок

Права и обврски на членот

Членовите во друштвото ги имаат следниве права и обврски:

– самостојно да решаваат за зачленување и истапување од друштвото

– да учествуваат во избирањето на делегатите и да бидат избрани за делегати во Собранието

– да го чува и брани авторитетот на друштвото

– да дава иницијативни и предлози сврзани со унапредувањето на ловството, организацијата и работата

– да учествува во остварувањето на утврдените задачи и работа со програмата

– да учествува во утврдувањето и обезбедувањето на средствата за работа

– активно и одговорно да се залагаат во извршувањето на одлуките, заклучоците, препораките, известувањата и другите акти, преку своите делегати и за Собранието на Ловечкиот Сојуз на Македонија

– да предлагаат одржување на седници на Собранието согласно со Статутот

– редовно да ја плаќаат членарината во друштвото

– за преминување во друго ловечко друштво да бараат исписница

– за издавање на исписница треба да ги исполнил задолжителните поени и работа, задолжително да има подмирено членарина до денот на добивање на исписница

– да остваруваат и други права и обврски согласно Законот за Ловство и други позитивни прописи

Во случај на престанок на членството за неплаќање на членарина, членот е должен да ја надомести членарината за годината во која престанал да биде член.

Секој член е должен покрај редовните седници, активно да учествува во уредувањето на ловиштето, прихрана, уништување на штетниците и учество на хајки и изградба на ловно стопански објекти.

Бројот на деновите за извршување на активностите ги определува Управниот одбор со Одлука.

Собранието со Одлука го определува износот за зголемување на членарина заради неучество во активностите. односно го овластува управниот одбор со Одлука со почеток на секоја година да може да определи повисока членарина за оние членови кои нема да учествуваат во извршувањето на програмираните работи.

За повреда на горенаведените одредби (од Статутот), одлуките и другите општи акти на Собранието, Управниот одбор и другите органи, како и на одлуките на Ловечкиот сојуз на Република Македонија кои се прифатени, повреди на законските прописи и прописите и актите на Собранието на Општината, како и неговите органи од областа на ловството, сторени од страна на членови, против нив може да се покрене дисциплинска постапка и да се изречат дисциплински мерки: ОПОМЕНА, ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА, ЗАБРАНА ЗА ЛОВ ВО ВРЕМЕ ОД ШЕСТ МЕСЕЦИ ДО ТРИ ГОДИНИ, ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ЧЛЕНСТВО, НАДОМЕСТ НА ШТЕТА согласно ценовникот за направена штета, а во определени случаи против членот може да се преземе Водење на постапка и пред надлежните органи на Република Македонија.

Во случај на исклучување од членството по основ на изречена дисциплинска мерка, членството престанува со правосилноста на Одлуката, а во случај на истапување со истекот на годината во која е побарано добивање на исписница.

Здружението има свои ловишта и стопанисува со нив, а го врши врз основа на согласност со позитивните законски прописи, договорот за стопанисување со ловиштата, ловностопанските основи и другите планови за програми што само ги донесува, а со посебен Правилник поблиску ги потврдува правата и обврските под кои може да се остварува ловењето и вршењето на застрелот на полезниот дивеч, на штетен дивеч како и ловен ред.

ул. Алексо Демниевски Бауман, бр. 3 

Велес, Република Македонија

Телефон: +389 77 749 597

Email: lovnodrustvoruen@gmail.com